Добредојдовте во АТВА ХОМЕ ЦЕНТАР
АТВА ХОМЕ ЦЕНТАР Кичево, Охрид и Струга, се дел од Друштво за производство, промет и услуги АТВА увоз‑извоз ДООЕЛ Кичево, компанија која е основана во 1993 година, која постои до ден денес и брои вкупно 135 вработени.
Во 2015 година, АТВА ДООЕЛ Кичево, отвора нова гранка во своето работење, со цел да понуди разновидни, квалитетни домашни и увозни производи за вашиот дом.
Компанијата функционира преку три подружници, секоја создадена да обезбеди удобност и достапност до широк асортиман на производи и тоа:
- Кичево, ул. Индустриска бр.16, тел: 071/221-536 – Отворена во август 2015 година, со продажен простор од 1500 м² и 12 вработени. Оваа подружница обезбедува целосна услуга за локалните клиенти.
- Охрид, ул. 7 ми Ноември бр.179, тел: 072/321-515 – Отворена во февруари 2017 година, со продажен простор од 1300 м² и 12 вработени. Оваа подружница нуди квалитетно куповно искуство за жителите и посетителите на регионот.
- Струга, ул. Мершал Тито бр.117, тел: 071/399-138 – Отворена во јуни 2017 година, со продажен простор од 1150 м² и 10 вработени. Третата подружница е наменета да ги задоволи потребите на клиентите од југозападниот регион на Македонија.

Со години искуство и стабилна репутација, АТВА ХОМЕ ЦЕНТАР во Кичево, Охрид и Струга, нудат внимателно избрани производи за кујна, дом, бања, мебел, декор, куќен текстил, двор и градина, осветлување, греење и ладење, детска опрема, како и летна, велигденска и новогодишна програма.
АТВА ХОМЕ ЦЕНТАР Кичево, Охрид и Струга – вашиот дом, наша грижа.