Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р.С. Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како преземач на нарачката од страна на Купувачот.
Висината за испораката ја одредува оставната фирма– партнер за логистика курирската компанија на АТВА увоз-извоз ДООЕЛ Кичево, согласно габаритноста на производот и врз истата ние немаме никакво влијание.
Испораката на нарачките ќе се врши преку доставната фирма– партнер за логистика на АТВА увоз-извоз ДООЕЛ Кичево за овој вид испораки.
Партнер за логистика на АТВА увоз-извоз ДООЕЛ Кичево, за овој вид испораки, има обврска да го контактира Купувачот за да се договори точното време на испорака во рок од 3-5 работни дена по извршената онлајн нарачка.
Доколку доставувачот – овластеното лице на партнерот за логистика на АТВА увоз-извоз ДООЕЛ Кичево, за овој вид испораки не успее да го најде Купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, ќе биде оставена писмена информација до испраќачот за направен обид за испорака и информации за контакт, каде што Купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на нарачката на адресата на Купувачот.
Доколку Купувачот не се јави во продолжениот рок од 2 дена, АТВА увоз-извоз ДООЕЛ Кичево, има потполно право да го задржи производот и/или услугата, а парите не ги враќа назад.
Доколку производот кој сте го купиле, не е ист како што е прикажан на веб страна или пак е оштетен, веднаш јавете се на 070/318-899 или испратете маил на info@homecentar.mk со слики од оштетувањето или проблемот со производот. Производот ќе ви биде заменет или ќе Ви бидат вратени пари за истиот.
Доколу платите со картичка добивате автоматска потврда на вашиот е-маил, доколку одберете опција да платите во готово при достава, тогаш добивате фискална сметка за купениот производ.